MACALLAN 12 single malt шкотско виски 40% алкохол 700 ml

4,260 ден

6 работи кои го прават The Macallan едно од најдобрите Malt виски во светот: Духовен дом – Овој дворец е изграден уште во далечната 1700 год. Имотот на The Macallan се наоѓа на голема површина со бројни природни убавини. Имотот е со големина од 160 хектари, од кој 90 хектари се насади од јачмен. Посебна врста “Minstrel” јачмен е со векови развивана и одгледувана како би се постигнал врвниот вкус на ова виски. Уникатни мали казани за дестилација – Се одговорни за изразените богати овошни ароми на ова виски. The Macallan казаните се невообичаено мали, најмали во регионот Speyside. Нивната уникатна големина и облик допринесува вискознот и богати овошни ароми, како и исполнетост на вкусот, кои се карактеристични за Macallan. Срцето на процесот на дестилација – Ги земаме само централните 16% од дестилацијата, овој дестилат се влева во дабови буриња во кои претходно е чувано шери вино. Овој дел е еден од најмалите и најфините во индустријата. Ова е главна причина за полниот богат вкус на Macallan. Врвни дабови буриња – The Macallan вложува повеќе од било кој друг бренд во изработката и грижата за своите буриња, а токму тие се заслужни за единствените зачински ноти кои се одлика на ова виски. Природна боја – Богатата палета на бои на The Macallan вискито се добива само од созревањето во веќе споменатите врвни дабови буриња. Најфиниот дестилат – Од скромниот почеток во 1824 година, The Macallan прерасна од мал локален производител во глобална индустрија со бројни меѓународни признанија, пред се поради континуираната грижа за квалитет. Master blender-от и неговиот тим пробуваат илјадници примероци секоја година за да го зачуваат и направат уникатното The Macallan виски познато низ целиот свет

SKU: 5010314048907 Групи: ,
Опис

МЕКАЛАН 12 сингл малт шкотско виски 40% алкохол 700 ml

Достава на нарачка