1. Општо

Со пристапувањето до содржините на www.gajba.mk и користењето на истите се согласувате дека ги прифаќате долу наведените правила и услови за користње на веб страницата за електронската трговија www.gajba.mk.

2. Измена на условите

ЛЕВЕЛ УП ГРОУП ДОО, сопственик на доменот www.gajba.mk го задржува правото за измена или укинување на било кој од подолу наведените услови. Доколку во било кој момент дојде до промена на условите, а Вие и понатаму продолжите да ги користите услугите од нашата страница за електронска трговија се подразбира дека истите ги прифаќате.

3. Собирање на податоци

ЛЕВЕЛ УП ГРОУП ДОО има право да собира и кориси податоци за корисниците со цел идентификација на истите. Податоците со кои корисникот може да се идентификува опфаќаат но не се лимитирани на име и презиме, електронска адреса за пошта, физичка адреса и телефонски број за контакт како и датум на раѓање (поради утврдување на законски пропишаната возраст за купување цигари, алкохол и енергетски пијалоци)

Сите лични податоци се внесуваат со цел успешно процесирање на нарачката од страна на продавачот и истите ќе се чуваат во согласност со Законот за заштита на личните податоци и нема да се отстапуваат на трети лица.

4. Цени на производите

Цените на производите на страницата за електронска трговија www.gajba.mk се изразени во денари, со вклучен данок на додадена вредност (ДДВ).

ЛЕВЕЛ УП ГРОУП ДОО има право на промена на цените на производите без претходна најава, а сите промени на цените ќе бидат истакнати на www.gajba.mk и видливи за корисниците при купувањето. При купувањето и потврдувањето на нарачката од страна на купувачот, купувачот добива виртуелна сметка со вкупниот износ кој е потребно да се плати кон продавачот базиран на нарачаните количини и цените од системот.

Доколку нарачката биде прифатена од страна на администраторите на www.gajba.mk, а купувачот за тоа добие потврда на својата адреса за електронска пошта, продавачот се обврзува да ја испорача нарачаната количина по потврдената цена. Купувачот се обврзува да ја плати цената, без разлика на фактот што може да дојде до промена на цената во периодот по купувањето.

Во случај на неприфаќање (одбивање) на нарачката, Купувачот ќе биде комуницаран од страна на Продавачот со причините поради кои нарачката е одбиена. 

5. Нарачка

Производите од www.gajba.mk се нарачуваат по електронски пат со додавање на посакуваните количини од поединечен производ во електронската кошничка (гајба). Нарачката е комплетирана во моментот кога купувачот ќе го притисне копчето „НАПРАВИ НАРАЧКА“.

По направената нарачка купувачот ќе добие електронска порака со потврда за пристигната нарачка кај продавачот како и преглед на нарачаните производи и количини.

Доколку износот на нарачката е под 1,500 денари, истата ќе биде процесирана од страна на ЛЕВЕЛ УП ГРОУП ДОО само доколку е задоволен условот подигање на нарачката од страна на купувачот, а од малопродажниот објект на компанијата лоциран на ул. Прашка. Бр. 68, во Карпош, Скопје во непосредна близина на Интернационална гимназија Нова.

Продажбата на алкохолни пијалоци, пиво, вино е дозволена само на лица постари од 18 години, а енергетски пијалоци само на лица постари од 14 години.

6. Подготвување на нарачка

Нарачаните производи ќе бидат соодветно спакувани од нашиот тим како би ги заштитиле истите од евентуални оштетувања при транспорт. По ова, купувачите ќе бидат инфорирани дека нарачката е подготвена за достава / подигање, во зависност од изборот на купувачот.

7. Достава или подигање

Купувачот е должен при преземањето на производите да ја провери количината како и квалитетот на доставените производи, било при доставата од страна на вработен од тимот на www.gajba.mk или пак преземање од страна на купувачот и доколку не е задоволен да ги рекламира кај доставувачот. Во спротивно, дополнителни рекламации нема да бидат уважени.

8. Термини за достава и цена на достава

Нарачките на www.gajba.mk може да ги правите во било кој ден од денот.

Во моментов, прифаќаме и доставуваме нарачки до следните општини на територијата на град Скопје: Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Кисела Вода и Аеродром.

Најраниот термин за достава е 11:00, а доставуваме до 15:30 часот.

За нарачките кои ќе пристигнат до 10:00 часот, доставата може да се изврши до 15:00 тековниот ден, доколку не е поинаку нагласено од страна на купувачот. За сите нарачки по 10:00 часот на денот на нарачување, доставата ќе следи во текот на наредниот ден, освен за нарачките во сабота кои можат да бидат доставени најрано во понеделник.

Достава вршиме од понеделник до сабота од 11:00 до 15:30. Доколку пак изберете да ја подигнете нарачката, истата можете да ја подигнете од понеделник до петок 10:00 до 21:00 и сабота до 16:00

За доставата и евентуални дополнителни прашања ќе бидете контактирани телефонски од членови на нашиот тим.

За нарачките во вредност до 1500 денари не вршиме достава. За нарачки од 1500 до 3000 денари наплаќаме фиксна достава од 150 денари. за нарачките со износ над 3000 денари, доставата е бесплатна.

За општини во Скопје, надвор од наведените како и останатите општини и населени места низ Македонија, нарачките ги испраќаме преку Карго експрес, а трошокот за доставата е на купувачот.

9. Злоупотреба

Сите злоупотреби на електронските нарачки од www.gajba.mk ќе бидат пријавени во МВР и во надлежните институции.