Brugal 1888 – Многу популарен и високо квалитетен темен рум Brugal 1888 доаѓа од познатата домениканска дестилерија Brugal. На пазарот за прв пат е представен во 2011 година, откако дестилеријата е превземена од страна на The Edrington Group. Настанат е на основа на искуство од пет генерации, долго дури 130 години, и набарзо стана мајсторски производ без кој денес неможат ни да се замислат некои коктели, посебно Old Fashioned и Manhattan. Brugal 1888 создрева двојно, првиот пат во американски бурбон буриња, а потоа дополнително во дабови шери буриња со потекло од Шпанија, како би се додала арома на сушено овошје и лесна слаткост на вкусот. Она што го прави посебен не е само дизајнот на шишето, туку и вкусот кој донекаде потсеќа на виски. Од страна на обожавателите се смета за врвен најмногу поради вкусот во кој доминира темното чоколадо, карамела, пржено кафе и ноти на цимет во позадина. При првото среќавање ќе осетите јако влијание на “oloroso” бурињата – шпанско шери. Потоа сложени изразито ароматични ноти на црвено и суво овошје, грозје, дополнети со зачини и трагови цимет. На непцето доминираат богати ноти слатка карамела и ванила, урамнотежени со праска, какао и каранфилче. Извонредно долга и елегантна завршница, со примеси на мед. Дон Андрес Бругал 1888 година во Домениканската Република го втемели Brugal и до денес производството на румот го надгледуваат стручњаци од пет генерации на фамилијата Brugal. Brugal се произведува единствено во Домениканската Република, а во производствениот процес се употребуваат изворни состојки од таа земја (вода, шеќерна трска, итн.). Најпродаван рум на Карибите, домашен автентичен изворен рум со висок квалитет.